Едно време си бев ерген

Едно време си бев ерген
ем работа си немав. 2х
Трај лалај лалалалалалај
ем работа си немав. 2х
Па си тргнав на прошетка
на прошетка во Битола. 2х
Трај лалај лалалалалалај
на прошетка во Битола. 2х
На прошетка во Битола
низ еврејските маали 2х
трај лалај лалалалалалај
низ еврејските маали. 2х
Там сретнав мома Еврејка
со коси растурени. 2х
Трај лалај лалалалалалај
со коси растурени. 2х
И је реков по славјански
да се сторит славјанка. 2х
Трај лалај лалалалалалај
да се сторит славјанка. 2х

Поврзано

уреди

Надворешна врска

уреди

Во изведба на Ансамбл Билјана