Еднаш минав на мостето
- Еднаш минав на мостето
- видов моме на пенџере [х2]
- со мајка си се караше.
- Ајде со мајка си се караше
- мајко ле мила посврши ме [х2]
- арно момче одбери ми.
- Ајде добро момче одбери ми
- како мене, спроти мене
- како црвено трендафилче
- развиено каранфилче.
- Нашла сум ти мила ле ќерко
- како тебе, спроти тебе
- како црвено трендафилче
- развиено карамфилче.