„Химна“

од Едгар Алан По

В зори, на пладне, в примрачен час,
Марија, чуј го мојот глас!
И биди в добри и лоши дни
крај мене Мајко Божја ти!

И кога мојот светол ден
не беше в облак замрачен,
на духот слаб ми беше страж,
знаеше да не сочуваш!

А сега Судбата в луњи ги сви
Сегашните и Прежни дни,
но за Утрешните ти светол сјај
и надеж преслатка ми дај!


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.