Едгар Алан По/ На онаа во рајот

„На онаа во рајот“

од Едгар Алан По

Ти беше сè за мене, драга,
сè в мојте желби беше, знај -
Ти, зелен отров в море, драга,
Ти, олтар, вруток в горски крај,
Ти, нежен плод на пролет блага
и беше мое цвеќе в мај.

Ех, свиден сон што беше краток!
Ех, ѕвездна Надеж! никна пак
за да ти биде скусен патот!
На дните идни грејна зрак:
„Дај напред!“ туку во Минатото
(тој мрачен јаз) што како злато
неподвижно е, в страв и в мрак!

Ми мина векот в мора жална,
без траги гасне заден лач!
Не! Веќе не! Не! Липам в плач;
(со таков јазик в ширта дална
му збори морето на брегот в здрач)
Цут нема стеблото што гром го чалнал,
ни ранет орел нема лет, сал плач!

И сите мои дни се мечти болни,
и сите мои ноќи сон и јад,
ме вабат в краишта на сказни волни
кај цутиш ти ко цветец непознат,
кај танци развиваш со нежност полни,
крај таков вечен извор, вечен кат.


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.