Едгар Алан По/ Најсреќниот ден - најсреќниот час

„Најсреќниот ден - најсреќниот час“

од Едгар Алан По

Најсреќниот ден - најсреќниот час
в пеплосано, свенато срце ми стине-
И надежта горда и силата, јас
ја чувствувам, мине.

Што? Силата! - реков. Но, зошто да таам,
си копнеше таа со време!
Ми беше на младини визија таа,
но, ѓаволот нека ја земе.

Ти, ненужна гордост, зошто си ми ти?
Дај, оди при други, дај, слободно можеш.
Во горчини брзо ти мене ме сви -
ко духов од челик е божем!

Најсреќниот ден - најсреќниот час
од видено болка во поглед ми свил;
на сила и гордост сјај најблештав јас
си спомнам, сум бил:

За сила и гордост сум сокривал надеж
а денеска грижи притајувам сал,
па, дури и кога ми беше тој даден,
си знаев: пак не би го доживеал.

Темнолики беа неговите крила,
се вивнаа в прпот, ко в плам -
да разурнат мошне расклатена сила,
и да ми ја сотрат душата, знам!


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.