Едгар Алан По/ Земја на соништата

„Земја на соништата“

од Едгар Алан По

По самотен и стрмен пат,
зли ангели кај летаат,
кај Идолот, по име НОК,
трон издига на црна моќ,
се вратив овде, потемнет,
од Туле, крај на овој свет,
крај пуст и сенишен, што гордо дреме
од ПРОСТОР вон и, вон од ВРЕМЕ.

Крај полн со бездна, стерни, јами,
со пештери и гори грамадни ко ламји,
со форми кои нигде не ги сретнал никој,
со солзи кои капат чунки јачат крикој;
со планини што грдо надвиснале
над мориња без брегови, се вдале
морињата в неспокојство и врела жед
плискајќи свод што пламнат в оган блед;
со езера над бескрај свој што бдеат,
што води самотни и мртви леат,
што води молкнати и студни истуриле
ко божем снег и бели кринови да скриле!

До тие езера над бескрај свој што бдеат,
што води самотни и мртви леат, -
што води зли и мрачни грдо истуриле
ко божем снег и бели кринови да скриле -
До тие планини и таа река
што жубори постојано со шум и ека, -
до сури гори, грозни мочуришта,
кај дождалци и жаби пиштат, -
до кобен вир, до страпен вител
кај лунзаат призраците, -
до секој белег најпорочен, -
до секој агоол в жалост втолчен, -
сè таму, вџашен, патувалот на патот
среќава помени на Минатото, -
виденија замотани во покров бел,
ко копнеж врел по пријател,
виденија на скитник, кој без жал,
на Земја сè што сретнал на Небото го дал.

За срцето изедено од бол и јад,
тој кат е смирен, блажен кат.
За духот потонат во мрачен тмај,
тој крај е Елдорадо, тој крај е рај!

Но секој што ќе помине низ крајов таен,
не смее сè да види, не може сè да знае;
И тие тајни невидени
човечко око не ќе ги плени;
сам Кралот нивен така повелал;
да склопат клепки, лик да веднат сал;
па, затоа и Душата што мина тука, сето
ова го гледа низ стакло потемнето!

По самотен и стрмен пат,
зли ангели кај летаат,
кај Идолот по име НОЌ,
се довлечкав до дома прекапнат,
од Туле, морничав и проклет кат.


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.