„Елдорадо“

од Едгар Алан По

Знам рицар млад
што весел, в глад,
по жештини, по ладој, -
патувал тој
везден со пој,
барајќи Елдорадо!

Но побелел
тој рицар смел,
свенало срцето младо,
зашто цел пат
не нашол кат
сличен на Елдорадо!

И еден ден,
тој, премален,
в сенка се свил, полн јадој:
„Сенко, ти, ај
речи ми кај,
кај е тој крај Елдорадо?“

Зад рички ред
на Месец блед,
низ Полето на Ледор,
ти јазди сè,
знај, таму е,
тој баран Елдорадо!


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.