Едгар Алан По/ Езеро: На...

„Езеро: На...“

од Едгар Алан По

На младини ми беше судба ти,
та често тука бев, те љубев така
ко што најсвидното се сака -
Самотноста ли убост скри
во ова диво езеро сред спили,
сред борја бојлии, сред тревки мили.

Но, ноќта штом ќе спуштеше плашт свој
врз тоа катче, како покров свилен
и ветрот вејнеше ко повеј милен
со шепот благ, благозвучен тих пој,
ах, тогаш, тогаш разбуден, ко в замор,
езерото го гледав в ужас само.

Не, тоа ужас не беше, но некој страв
од радост трепна, ја чувствував
ко чувство дека каменот скап, сјаен,
не може да ме опсени, ни смае
Љубовта - и дури Твоја да е!

Смрт носеше отровниот му бран,
гроб криеше во своите витли злосни
за оној, кој од таму благ збор проси,
за оној негов занес разигран,
за душата в самотија што гори
и рај од тоа мрачно езеро ќе стори.


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.