„Во сонот“

од Едгар Алан По

Среде чело бакнеж прими!
На разделба сега, знам,
нешто ќе ти признаам -
Не е лага, знаат сите,
дека јас ги преспав дните;
дека Надежта се метна
така попусто, си летна
дење, ноќе, во час секој,
молкома, ко превид некој?
Па, сè што се гледа вон,
сè е само в сонот сон.

Покрај брегот сам сум, в мрак.
Рика реката ко волк,
В раце, ете, ми се валка
од песокта трага малка:
златен пресок полни грсти
имав, сега - празни прсти!
Сè од дланкиве се свлече!
В очи солза пече, пече!

Не Боже, тие зрнца барем
да ги фатев, в неврат зарем
отидоа, зарем нема назад
ниедно да земам?
Зар сè што се гледа вон,
сè е само в сонот сон?


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.