Димитар Миладинов/ Последно писмо до Робеви
Последно посмо до Робеви од Димитар Миладинов |
писмото е испратено до семејството Робеви по повод смртта на Ангел Робев. На современ македонски правопис. |
„ |
Почитувани господа браќа Роби и синови! Вашиот покоен татко, лесна му земја, ненадејно одлета од своето сакано семејство и замина од земниот свет, ве остави во жалост. Преку чесен труд покојниот ви создаде неспоредлив среќа, материјална и морална, откако ве воспита со морално издигање и преку милосрдност го запали факелот, кој свети во материјалните нешта. Впрочем, откако земам учество и јас во вашата жалост, не можам д аве утешам поинаку освен да изразам подлабоко возбудено чувство дека покојниот го исполни општиот долг со смрт благонадежна. Бидете живи Вие, кои по примерот на покојниот имате широко поле да врвите по патот на успехот и да оставите добро или и среќа на вашите добри деца. Примете ги моите почитувања, писмено, бидејќи немам можност лично да ве утешам. Во Битолскиот затвор, 28 април 1861 г. Ваш: Д. Хр. Миладинов |
“ |