Димитар Миладинов/ Писмо до Робеви

Писмо до Робеви

од Димитар Миладинов
на современ македонски правопис


До Браќата Робеви и синовите - Битола

Достојни за почит, Браќа Робеви и синовите. Имам чест да Ви заблагодарам за последното известување за мојот брат дека одамн отпатувал од Виена преку Белград за Кукуш при Партенија[1]. Меѓутоа, маглата на моето сомневање уште не е расееана од мојата глава, зашто ниту од Белград се јави брат ми , ниту пак знаат нешто за него лицата што денес пристигнаа од Кукуш. Повелете, молам, да пишете во Белград на Вашиот човек, да провери во граѓанското биро дали е забележан неговиот пасош во регистрите како што е обичај. Инаку се заклучува дека има опасност за неговиот живот или во Белград, или по неговото заминување ос Белград, или пак писмото му пропаднало откако брат ми се упатил на некое друго место.

Останувам со уважение кон Вашето влагосклоно расположение кој мене.

Струга, 10 февруари 1861г.

Вашиот,

Д. Хр. Миладинов

Белешки

  1. Партениј Зографски