Димитар Миладинов/ Писмо до Димитар Робев

Писмо до Димитар Робеви

од Димитар Миладинов
Битола, 8 април 1861. На современ македонски правопис.


Почитуван Димитар А. Роби!

Што ќе најдета за добро топло ве молам, дајствувајте енергично! Времето е погодно, како што дознавам! Не жалете пари, кои ќе ви бидат исплатени не по долго време . Имам запис од пет илјади гроша и момети, зашто ако го испиштиме овиј момент, ќе изгнијам во затвор. Што сметате кажете му на мојот тест Наум[1] да направи: да остане неколку дена или да си отиде; да дојдат и од Струга со молба или не. Трчајте каде знаете и употребете какви средства знаете да дејствувате најбрзо! Кажете му на мојот тест да ми соопшти.

Ве поздравувам,

Д. Хр. Миладинов

Белешки

  1. Наум Матов, тестот на Д. Миладинов, бил виден граѓанин на Струга.