Димано димандевојко
Димано димандевојко од македонски народни песни |
Ох, што те љубам, моме,
на сон те соневам,
на сон те соневам,
моме, в шарена одаја,
в шарена одаја, моме,
на мека постела.
На мека постела, моме,
на памбук перница,
на памбук перница, моме
, на децната рока.
Кога се разбудих, моме,
тебе не те најдох.
Ог`н да горит, моме,
шарена одаја,
пуста да остане, моме,
и мека постела,
да би ми капнала, моме,
мојва десна рока,
кога, моме,
тебе не те најдох.
Свила се лоза винена,
околу града Легена.
Не била лоза винена,
туку ми била девојка,
околу браќа се виет:
- Откупи мене, браќа ле!
Јас не сум ск`поценето:
за двесте триста грошеи.