Девојче и беќарче

„Девојче и беќарче“

од Македонско народно творештво
Македонска народна песна од Штип запишана од Ив. Шандарев од Штип. Шапкарев 734.


Заспало девојче,
близу крај беќарче,
беќарче ја буде:
-Бре стани девојче,
та девојче буди:
да би не станало!
Лели ќе идеме,
на голема нива?
Нели ќе жнееме,
белата ‘ченица?,
Ќе се наджниваме,
кој е се наджнее,
тој ќе се заљубе!
Па се облагале.
Момата наджнала,
двесте и два снопа,
момче е нажнало
двеста и два снопа
момчето нажнало
триста и три снопа.
Момата е итра
итра и разумна,
прати го на вода,
снопове украде,
па дојде од вода
сноповете бројат:
Момчето наджнало
двеста и два снопа
момата нажнала
триста и три снопа
па се заљубиле,?[1]


Наводи

уреди
  1. /files/books/Македонски народни умотворби книга втора„Трудови семејни и хумористични песни“], Др.Марко Китевски стр.66