Девет години верно да љубиш
- Љубев јас едно лудо младо,
- оно ми беше несвршено.
- Девет години на срце лежи,
- рана в срце ми остави.
- Многу је тешко верно да љубиш,
- верно да љубиш девет години.
- Многу је тешко верно да љубиш,
- тага в срцето ми остави.
- Нашата љубов не је верна,
- ниту пак беше права истина.
- Јас да те љубам, друг да те има,
- каде и што сум не се знајев јас.
- Многу је тешко верно да љубиш,
- верно да љубиш девет години.
- Многу је тешко верно да љубиш,
- тага в срцето ми оставаш.
- Ако јас умрам, ти се молам,
- ти да ми дојдиш на гробот мој.
- Солзи да рониш и да ме жалиш,
- стара љубов што си имавме.
- Многу је тешко верно да љубиш,
- верно да љубиш девет години.
- Многу је тешко верно да љубиш,
- тага в' срцето ми остана.