Дафинка платно белеше

Дафинка платно белеше
дилбер Дафинко
на бели Дунав, Дунав, е.
Силен је ветер повеје,
в' кајче ле мило
Дафинка ми је понесе.
Мајка е ќерка бараше:
- Ќерче ле мило
каде си ќерко Дафино?
Еве сум мајко в' темнина
мајче ле мило
не можам мајко д' излезам.
Нозеве ми се врзани
мајче ле мило
со раки до три корења.
Рацеве ми се сплеткани
мајче ле мило
од бесценети камења.

Поврзано

уреди