Дафина болна легнала

Дафина болна легнала
над глава до три доктора
болна е, болна преболна
ќе умре млада Дафина.
Мајко ле мила мајчице
повикај ми го либето
два збора да му прозборам
до срце да го изгорам.
Дури не мине година
бела руба да не носи
бела руба да не носи
и друго либе да не проси.

Поврзано уреди