Дали знаеш мила мајко

Дали знаеш мила мајко
што сум несреќна
стално дома сама седам
надвор не смеам.
Еј мила мајко проклета да си
Еј од либето што ме раздели.
Од либето што ме раздели
без да сакам јас
в' гради болка ми остави
на срце мраз.
Еј мила мајко проклета да си
Еј од либето што ме раздели.
Дали пак тој ќе се врати
јас да го чекам
до две думи јас да му кажам
дека ќе умрам.
Еј мила мајко проклета да си
Еј од либето што ме раздели.
Две години тајна љубов
нека секој знај
таа мене ќе ме мачи
дури до гроба.
Еј мила мајко проклета да си
Еј од либето што ме раздели.

Поврзано уреди