Македонски народни песни/ Градел Илија манастир
(Пренасочено од Градел Илија манастир)
- Градел Илија манастир,
- градел Илија манастир,
- градел Илија манастир, оф аман, аман,
- на врв на Пирин Планина.
- Оздола иде Ирина,
- оздола иде Ирина,
- оздола иде Ирина, оф аман, аман,
- и на Илија говори:
- „Земи ме батко Илија,
- земи ме батко Илија,
- земи ме батко Илија, оф аман, аман,
- во твојта тесна ќелија.“
- „Калугерица да станам,
- калугерица да станам,
- калугерица да станам, оф аман, аман,
- црно норасо да носам.“
- „Не можам сестро Ирино,
- не можам сестро Ирино,
- што ти се руси косите, оф аман, аман,
- и ти играат очите.“
- „Косите ќе ги исечам,
- косите ќе ги исечам,
- очите ќе си ги скротам,
- косите ќе ги исечам, оф аман, аман,
- очите ќе си ги скротам.“
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |