Македонски народни песни/ Го фатиле клети Турци едно моме

Го фатиле клети Турци
едно моме најубаво
го фатиле клети Турци,клети Турци
најубаво во селото.
Му врзале двете раце
двете раце наопаку
му врзале двете раце,двете раце
двете раце наопаку.
Кажи кажи лично моме
кај се крие Гоце Делчев?
Кажи,кажи лично моме,лично моме
кај се крие Гоце Делчев?
И да умрам да загинам
јас за Гоце не кажувам!
И да умрам да загинам,клети Турци
јас за Гоце Не кажувам!


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Блог за македонски народни песни

Во изведба на Ансамбл Танец