Гоце Делчев/ Писма/ Гоце Делчев до Никола Зографов (15/6/1899)
< Гоце Делчев | Писма
Писмо од Гоце Делчев до Никола Зографов 15 јуни 1899(с.с.) од Гоце Делчев |
27 јуни 1899(н.с.) |
Писмо од Гоце Делчев до Никола Зографов, 15 јуни 1899г. |
Содржина на писмото
уреди„ | Никола, да знаеше каква непријатност ми создаваш со неточното исполнување на ова што ти го пишувам, сигурно, верувам, никогаш така не би постапил. Не само Андон, туку и Ицо не ми требаше, кого го викав само за да мудадам некои упатства. Сега Андон се враќа, но се гледа, сосема разочаран, а тоа немаше да стане со него ако не дојдеше овде. Јас заминувам за внатрешноста па не знам дали ќе се видиме веќе. Ти го препраќам одново новопристигнатото писмо, кое јас не можам да го прочитам. Прочитај го ти и содржината предај му ја на Ѓорета, а истовремено и ти сам да се вообразиш со него во случај ако има нешто. Гледајте, џанам да ја уредите работата со уништувањето на виничкиот изрод. Не заборавајте дека и Сарафот е опасен. Поздрави ги Рајна, Љубето, Ѓоре, Добре, Нако и сите пријатели. Дај ѝ на бабата ако можеш 20-тина лева. | “ |
Извор
уреди- Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански стр.34-35 Издавач Култура 1972.