- Има едно згодно моме
- во нашето мало место
- едно моме многу лично,
- многу лично, симпатично.
- Гина, Гина лична Гина
- Гина, Гина убавица,
- Гина, Гина опа Гина
- Гина, Гина убавица.
- Снага има како вила
- коса долга к'о примена,
- очи црни черешови
- веѓи морски пијавици.
- Гина, Гина лична Гина
- Гина, Гина убавица,
- Гина, Гина опа Гина
- Гина, Гина убавица.
- Лице бело к'о синирче
- устето ѝ к'о кутивче,
- заби бели бисерови
- штом се смее сонце грее.
- Гина, Гина лична Гина
- Гина, Гина убавица,
- Гина, Гина опа Гина
- Гина, Гина убавица.
- Кога појде низ чаршија
- старо младо се свртува,
- да ја види лична Гина
- наша Гина убавица.
- Гина, Гина лична Гина
- Гина, Гина убавица,
- Гина, Гина опа Гина
- Гина, Гина убавица.