Гена ми појде на чешма
- Гена ми појде на чешма
- стомните да си наполни [х2]
- јунак од гора да лади [х2]
- раните да му исцели.
- Ах Гено, Гено убава
- донеси вода студена. [х2]
- Наполни Гена стомните
- накачи патот кон дома, [х2]
- отвори порте капиџик [х2]
- подаде стомне на јунак.
- Ах Гено, Гено убава
- донеси вода студена. [х2]
- Дигна ми јунак стомнето
- разлади грло јуначко
- поврати снага ајдучка,
- однесе Гена во гора.
- Ах Гено, Гено убава
- донеси вода студена. [х2]