2 глава Втора книга летописи
3 глава
од н.п.
4 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Тогаш Соломон почна да Му гради Дом на Господа во Ерусалим, на Моривската Гора, таму каде што неговиот татко Давид имаше предвид. Тоа е местото што го подготви Давид, гумното на Евусеецот Орнан.
  2 Соломон го почна градењето во вториот ден на вториот месец на четвртата година од своето владеење.
  3 Ова се основите што Соломон ги постави за градењето на Божјиот Дом: шеесет лакти во должина - по старата мерка на лактот - а во широчина дваесет лакти.
  4 Тремот, што беше пред Домот, имаше, по широчината на овој последниот, а во должина дваесет лакти, а висок беше сто и дваесет лакти. Го обложи внатре со чисто злато.
  5 Големата дворница ја обложи со кедри, што ги покри со чисто злато и изработи врз нив палми и цветни венци.
  6 Потоа ја украси дворницата со блескави бесцени камења; златото беше парваимско злато.
  7 Со него ја покри дворницата: гредите, праговите и крилата на вратите та изваја херувими по ѕидовите.
  8 Потоа ја создаде дворницата на Светината над светините. Беше, според храмската широчина, долга дваесет лакти и широка дваесет лакти, и ја обложи со шест стотини таланти чисто злато.
  9 За клинците даде на мерка педесет златни сикли. И горните соби ги обложи со злато.
10 Во дворницата на Светината над светините направи два херувими, леано дело. И нив ги обложи со злато.
11 Крилата на херувимите беа долги дваесет лакти: едното крило од пет лакти го допираше храмскиот ѕид, а второто од пет лакти го допираше крилото на другиот херувим.
12 Така и крилото на вториот херувим, од пет лакти, го допираше ѕидот на Домот. Другото крило, од пет лакти, се спојуваше со крилото на другиот херувим.
13 Раширените крила на херувимите имаа дваесет лакти. Херувимите стоеја простум, со лицата свртени кон Домот.
14 Направи завеса од љубичеста свилена ткаенина, од црвено сукно, од отворено-црвено сукно и од лесно платно, та врз нив извезе херувими.
15 Пред Домот направи два столба долги триесет и пет лакти, а нивните главчиња на врвот по пет лакти.
16 Во Девира тој сплете венци та ги постави на врвот на столбовите и направи сто калинки кои ги постави меѓу венците.
17 Ги постави столбовите пред Храмот, едниот оддесно, другиот одлево, та го нарече Јахин оној оддесно, а Воас оној одлево.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse