нема Втора книга за царевите
1 глава
од н.п.
2 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

 1 По Ахавовата смрт, Моав се побуни против Израел.
  2 Бидејќи Охозиј беше паднал низ прозорската решетка на својата горница во Самарија и се повреди, испрати пратеници, на кои им рече: „Одете, прашајте го Вал-Зевул, акаронскиот бог, дали ќе оздравам од оваа болест.”
  3 Но Господовиот ангел му рече на Тесвиецот Илија: „Стани! Оди во пресрет на пратениците на самарискиот цар и речи им: ‘Зар нема Бог во Израел те одите да се советувате со Вал-Зевул, акаронскиот бог?’
  4 И затоа Господ вели вака: ‘Нема да слезеш од постелата во која си легнал, бездруго ќе умреш.’” И Илија си отиде.
  5 Пратениците се вратија кај Охозиј, а тој им рече: „Што е тоа што веќе се вративте?”
  6 Тие му одговорија: „Нè сретна некој човек и ни рече: ‘Одете, вратете се пред царот, кој ве испратил, и речете му: „Господ вели вака: ‘Зар нема Бог во Израел та си испратил по совет кај Вал-Зевул, акаронскиот бог? Затоа нема да слезеш од постелата во која си легнал, туку ќе умреш.’”‘“
  7 Тој ги праша: „Каков беше на изглед тој човек кој ве сретна и кој ви ги рече тие зборови?”
  8 А тие му одговорија: „Тоа беше човек во кожув и со кожен појас околу половината.” Тој рече: „Тоа е Илија Тесвиецот!”
  9 Тогаш му го испрати педесетникот, со неговите педесетмина, и тој отиде кај него и, откако го најде каде седи на врвот на брегот, му рече: „Божји човече! Царот нареди: ‘Слези!’”
10 Илија одговори и му рече на педесетникот: „Ако сум Божји човек, оган нека слезе од небото и нека те проголта, тебе и твоите педесетмина!” И оган се спушти од небото и ги проголта, него и неговите педесетмина.
11 Царот му испрати друг педесетник со неговите педесетмина; а тој, кога дојде, му рече: „Божји човече! Царот го заповеда ова: ‘Слези бргу!’”
12 Илија му одговори и му рече: „Ако сум Божји човек, оган нека слезе од небото и нека ве проголта тебе и твоите педесетмина.” И оган се спушти од небото и ги проголта, него и неговите педесетмина.
13 Царот испрати пак педесетник и неговите педесетмина. Третиот педесетник дојде, ги свитка колената пред Илија и го замоли вака: „Божји човече! Мојот живот и животот на овие педесет твои слуги нека биде скапоцен во твоите очи!
14 Оган се спушти од небото и ги проголта обата педесетници со нивните педесетмина; но сега барем мојот живот нека биде скапоцен во твоите очи!”
15 Господовиот ангел му рече на Илија: „Слези со него, не бој се!” Тој стана и слезе со него пред царот,
16 и му рече: „Господ вели вака: ‘Затоа што му праќаше гласници на Вал-Зевул, акаронскиот бог, по совет, не ќе слезеш од постелата, во која си легнал, туку ќе умреш.’”
17 И умре според Господовото слово, кое го објави Илија. А Јорам, неговиот брат, се зацари место него во втората година на Јорам, синот Јосафатов, јудејски цар, зашто оној (Охозиј) немаше син.
18 Другите дела на Охозиј, сè што направи, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse