5 глава Втора книга Самоилова
6 глава
од н.п.
7 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 ден ден Давид пак ги собра сите одбрани момчиња во Израел, триесет илјади луѓе.
  2 Потоа Давид и сета војска што беше со него тргнаа на пат во Јудина Вала за да го донесат оттаму Божјиот Ковчег, што го носи името на Господа на Силите, Кој живее над херувите.
  3 Божјиот Ковчег го положија на нова кола, откако го изнесоа од Авинадавовата куќа, што стоеше на ритчето. Уза и Ахио, Авинадавовите синови, ја придружуваа колата.
  4 Уза врвеше покрај Божјиот Ковчег, а Ахио одеше пред него.
  5 Давид и сиот Израелев дом играа пред Господа со сета сила, пеејќи наспоредно со звуците на гуслиња, псалтири, тапанчиња, свирки и кимвали.
  6 Кога дојдоа до Нахоновото Гумно, Уза посегна со раката по Божјиот Ковчег, за да го придржи, зашто воловите за малку не го превртија.
  7 Но Господ се разгневи на Уза: Бог го удри на место заради тој престап, така што умре таму, покрај Божјиот Ковчег.
  8 На Давида му беше жал зашто Господ го удри така Уза, и тој го нарече тоа место Фарес Уза (Пораз), како што се вика и до денешниот ден.
  9 Во тој ден Давид се уплаши од Господа и си рече во себеси: „Како би можел да дојде кај мене Господовиот Ковчег?”
10 Затоа Давид не сакаше да го премести Господовиот Ковчег кај себе, во Давидовиот Град, туку го смести во куќата на Овид-Едом од Гет.
11 И Господовиот Ковчег остана во куќата на Овид-Едома гетеецот три месеци, и Господ го благослови Овид-Едома и сиот негов дом.
12 Кога му соопштија на царот дека Господ го благослови Овид-Едомовото семејство и сиот негов имот заради Божјиот Ковчег, Давид отиде и го пренесе Божјиот Ковчег од Овид-Едомовата куќа горе во Давидовиот Град со голема веселба.
13 Туку што носачите на Божјиот Ковчег пречекорија шест чекори, Давид жртвува вол и згоен овен.
14 Давид играше со сета сила пред Господа, а беше наметнат само со ленен наплеќник.
15 Така Давид и сиот Израелев дом го носеа горе Господовиот Ковчег, воскликнувајќи со трубни звуци.
16 А кога Господовиот Ковчег влегуваше во Давидовиот Град, Сауловата ќерка Михала, гледаше низ прозорецот и го виде царот Давид како скока и игра пред Господа, и таа го презре во своето срце.
17 Тогаш го внесоа Господовиот Ковчег и го поставија сред шаторот што му го беше оптегнал Давид. Тогаш Давид принесе пред Господа паленици и помирителни жртви.
18 Откако ги принесе палениците и помирителните приноси, Давид го благослови народот со името на Господа на Силите.
19 Потоа им подели меѓу сиот народ, меѓу сето Израелево мноштво, на мажите и на жените, секому по еден леб, по едно парче месо и колач од суво грозје. Потоа сиот народ се разотиде, секој во својата куќа.
20 Кога Давид се врати дома за да го благослови своето семејство, Сауловата ќерка Михала му излезе во пресрет на Давида и му рече: „Колку чесно се однесуваше денес Израелевиот цар кога се откри пред очите на слугинките на своите слуги како што се открива суетен човек!”
21 Но Давид и одговори на Михала: „Јас играм пред Господа! Така ми живиот Господ, Кој ме избра место твојот татко и место сиот негов дом, за да ме постави за водач на Израел, на Господовиот народ: ќе играм пред Господа!
22 И уште повеќе ќе се понижам. Ќе бидам незначителен во своите очи, ама пред слугинките за кои што зборуваш, пред нив ќе бидам во чест.”
23 А Михала, Сауловата ќерка, немаше пород до денот на својата смрт.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse