29 глава Втора книга Мојсеева
30 глава
од Мојсеј
31 глава


   1 „Направи и жртвеник за палење на темјан; направи го од багремово дрво.
  2 Нека биде долг лакот, широк лакот, четвртест, и висок два лакта. Рожињата нека му бидат од едно парче со него.
  3 Да ги опковеш со чисто злато: неговата горна рамнина, неговите страни наоколу и неговите рожиња. Направи му завршен појас наоколу.
  4 Направи му и две златни колца. Прицврсти му ги на двете спротивни страни под завршниот појас. Низ нив ќе се провнуваат ластегарките за носење.
  5 Ластегарките направи ги од багремово дрво и опкови ги со злато.
  6 Постави го жртвеникот пред завесата што го засолнува Ковчегот на Сведоштвото - спроти Очистилиштето (Капак) над Сведоштвото - каде што Јас ќе се среќавам со тебе.
  7 Арон нека кади врз него со благомирислив темјан секое утро кога ги подготвува светилките:
  8 Арон нека кади пак во примрак, кога ги запалува светилките, за да биде тоа секогашно кадилно принесување пред Господа во сите ваши поколенија.
  9 Не принесувај врз него ни непосветен темјан, ни паленици, ни приносници, ниту излевници!
10 Еднаш годишно Арон нека го изврши обредот на помирување на неговите рожиња. Обредот за помирување на жртвеникот нека го изврши со крвта на жртвата што се принесува за грев, еднаш годишно. Така правете во сите поколенија. Зашто жртвеникот е пресвета светина на Господа.”
11 Натаму Господ му рече на Мојсеја:
12 „Кога ќе правиш попис на Израелците, при утврдувањето на нивниот вкупен број, нека секој Му даде на Господа откуп за себе, кога ќе се запише, за да не ги снајде некакво зло заради пребројувањето.
13 Секој што потпаѓа под пребројувањето, нека даде: половина сикал - според храмскиот сикал, што има дваесет гери во сикал. Таа половина сикал нека биде како принос на Господа.
14 Секој што потпаѓа под пребројувањето, од дваесет години возраст па нагоре, нека Му даде принос на Господа.
15 Богатиот нека не плаќа повеќе ниту сиромавиот помалку од половина сикал, кога ќе Му даваат принос на Господа како откуп за себе.
16 Земај откупни сребреници од Израелците и употребувај ги за служба во Шаторот на средбата. Тоа нека Му биде за спомен на Господа, за да си спомнува за Израелците и за откуп на вашите души.”
17 Господ му рече на Мојсеја:
18 „Направи мијалник од бронза и подножје од бронза за миење. Постави го меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот. Тури вода во него,
19 па Арон и неговите синови нека ги мијат своите раце и нозе со водата од него.
20 Кога треба да влегуваат во Шаторот на средбата, или кога треба да се приближуваат до жртвеникот за служба, за да изгоруваат жртви паленици во чест на Господа, нека се измијат со вода, за да не загинат.
21 Нека ги измијат своите раце и своите нозе, за да ја избегнат смртта: тоа е траен правилник за него и за неговите потомци во сите поколенија.”
22 Уште му рече Господ на Мојсеја:
23 „Набави најубави мириси: пет стотини сикали најчиста смирна, половина од таа тежина - двеста и педесет - мирислив цимет, двеста и педесет мирислива трска,
24 пет стотини - според храмскиот сикал - ловор и еден ин маслиново масло.
25 Направи од тоа посветено масло за помазание; маст приготвена според искуството на мироварач. Тоа нека биде миро за помазание.
26 Потоа помажи го со тоа: Шаторот на средбата и Ковчегот на Сведоштвото,
27 столот и сиот негов прибор; светилникот и сиот негов прибор, и кадилниот жртвеник;
28 жртвеникот за жртви паленици и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка:
29 посвети ги, и тие така ќе станат посветени, и што и да се допре до нив, ќе стане посветено.
30 Помажи ги Арона и неговите синови и посвети Ми ги Мене за свештеници.
31 Тогаш речи им на Израелците вака: ‘Ова е Мое свето миро за помазание од поколение до поколение.
32 Не смее да се излева врз телото на обичниот човек; не смеете да правите друго со ваков состав! Тоа е посветено, и нека ви биде свето!
33 Кој направи такво, или кој ќе стави од него врз туѓинец, нека биде отстранет од својот народ!’”
34 Уште му рече Господ на Мојсеја: „Набави мириси: стакта, оникс и халван. Од овие мириси и од чист темјан,
35 сè во еднакви делови, направи темјан за кадење, смеса од мириси каква што прави мирисоправачот, измиена, чиста, света.
36 Од тоа столчи малку на ситно во прав и еден дел стави пред Сведоштвото, во Шаторот на средбата, каде што Јас ќе се среќавам со тебе. Сметајте го овој темјан за пресвет!
37 А темјанот што ќе го направиш според овој состав, не смеете да го правите за своја употреба. Тоа нека ти биде светина за Господа!
38 Кој ќе си направи нешто такво за да му мириса, нека биде истребен од својот народ.”

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

 

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


 
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse