25 глава Втора книга Мојсеева
26 глава
од Мојсеј
27 глава



  1 „Шаторот направи го од десет завеси: од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен. На нив нека бидат извезени ликови на херувими - дело на уметник.
  2 Должината на секоја завеса нека е дваесет и осум лакти, широчината нека и е четири лакти. Сите завеси нека се со иста мерка.
  3 Пет завеси нека се составени една со друга, а другите пет завеси пак една со друга.
  4 Направи петелки од љубичеста волна при работ на крајната завеса во составеното парче.
  5 Направи педесет петелки на работ на другата.
  6 Тогаш направи педесет златни куки. Потоа завесите да бидат составени една со друга со куките. Така Шаторот ќе биде една целина.
  7 Направи потоа завеси од козина за Шатор, за Покрив на Шаторот. Направи ги единаесет.
  8 Нека должината на секоја завеса биде триесет лакти, а широчината на секоја завеса четири лакти. Тие единаесет завеси нека бидат со иста мерка.
  9 Состави пет завеси одделно, а тогаш пак другите шест завеси одделно. Шестата завеса свиткај ја во две на предниот дел на Шаторот.
10 Сошиј педесет петелки на работ на едното составено парче на завесата, а педесет куки на работ на другото.
11 Изработи педесет куки од бронза, закачи ги куките во петелките, за да го составиш Покривот во целина.
12 А бидејќи од завесите на Шаторот ќе остане вишок, половина од завесите што се вишок нека се спушта на задниот дел на Шаторот.
13 Од она што е отповеќе во должината на шаторските завеси, нека виси по еден лакот од двете страни на светиот Шатор, за да го покрива.
14 Најпосле направи му на Шаторот покрив од приготвени и со црвено обоени овновски кожи, а врз него покрив од убави кожи.
15 Даските за Шаторот, што ќе стојат исправени нагоре, направи ги од багремово дрво.
16 Секоја даска нека биде долга десет лакти, а широка лакот ипол.
17 Секоја даска нека има два клина, за да ја држат исправена. Така направи на секоја даска за Шаторот.
18 Даските за Шаторот постави ги: дваесет даски на југ, кон пладне;
19 тогаш под дваесетте даски направи четириесет подножја од сребро, две подножја под првата даска за нејзините два клина, и така редум, две подножја за два клина на секоја идна даска.
20 За другата страна на Шаторот, на север: дваесет даски
21 и четириесет сребрени подножја, две подножја за два клина на првата даска, и така редум, две подножја за секоја даска.
22 На задната страна на Шаторот на запад, постави шест даски.
23 Направи и даски за задните агли на Шаторот.
24 Нека бидат разделени при дното, ама на врвот кај првото колце нека бидат составени. Нека така двете прават два агли.
25 И така нека бидат осум даски со нивните сребрени подножја: шеснаесет подножја, две подножја под првата даска, а пак две подножја под секоја следна даска.
26 Натаму направи лостови од багремово дрво: пет од нив за даските од едната страна на Шаторот,
27 а пет лостови од другата страна на Шаторот; тогаш пет лостови за даските на Шаторот од одназад, кон запад.
28 Средниот лост нека врви по средината на даските од едниот крај до другиот.
29 Даските да ги опковеш во злато, а и колцата за нив, низ кои ќе се провлечуваат лостовите, направи ги од злато.
30 Значи така, издигни го Шаторот според нацртот што ти беше покажан на гората.
31 Направи завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен. Нека се навезени херувими врз неа.
32 Обеси ја на четири столба од багремово дрво, обложено со злато, со куки од злато, а врз четири подножја од сребро.
33 Обеси ја завесата на куките. Тогаш внеси го Ковчегот на сведоштвото тука зад завесата. Така завесата нека ти го одделува Светилиштето од Светилиштето над Светилиштата.
34 Стави го Шаторот над Ковчегот на сведоштвото во Светината над светините.
35 Потоа стави го столот надвор од пред завесата, а светилникот на јужната страна на Шаторот, спроти столот. Стави го столот на северната страна.
36 А на влезот во Шаторот направи завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен - везана со вез.
37 Изделкај пет столпчиња од багремово дрво за завесата, па опкови ги со злато. Куките за нив нека бидат од злато. Одлеј за нив пет подножја од бронза.”

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

 

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


 
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse