Во Солуна Еди куле

Во Солуна Еди куле

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Во Солуна Еди куле,
ранет јунак лежи,
болен лежи, тага пати,
сè љуто го боли.
Над глава му славеј пиле,
тажна песна пее.

Проговара ранет јунак
на славеј пиле:
- Не пеј пиле тажна песна,
тук' иди до дома.
Јас си имам, славеј пиле,
до две машки деца.

Да им кажеш, славеј пиле,
зошто сум в' зандани.
Да пораснат, да се борат,
за да ме осветат.
Сум се борел за слобода,
за Македонија.


Поврзано

уреди
  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.