Возот браќа тргнува
- Возот браќа тргнува
- право за Германија,
- стари мајки остануваат
- дробни деца да гледаат.
- Одиме, пееме, солзи рониме
- тој прв што замина сал го колниме. [x2]
- Со либето одиме
- пари да спечалиме,
- пари да спечалиме,
- куќа да направиме.
- Одиме, пееме, солзи рониме
- тој прв што замина сал го колниме. [x2]
- Наши верни другари
- таму ќе не пречекаат,
- ергени ќе пеат
- жените ќе жалат.
- Одиме, пееме, солзи рониме
- тој прв што замина сал го колниме. [x2]