Водарка

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Крај кладенец бистра вода,
моми се собраја.
Вода црпат со лејките
и си зборат за Тодорка.

- Тодорка је избегала
многу надалеку.
Оставила стара мајка
и прво си верно либе.

Срам да ѝ е на Тодорка
што е избегала.
Оставила машко дете,
да плака десет месеци.


Поврзано

уреди
  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.