Викиизвор:Прирачник за стилот
Прирачникот за стил овозможува основни информации за тоа како да се уредува содржината на статиите.
Конвенции за именување
уредиОпшто, именувањето на статиите треба да го преферира она што најголемиот број зборувачи на македонски јазик би го најлесно препознале, а истовремено создавањето на врски до таквите статии треба да биде лесно.
Ова е оправдано од следново начело:
- Имињата на статиите на Викиизвор треба да бидат оптимизирани повеќе за читателите отколку за уредувачите и повеќе за општата публика отколку за специјалистите.
Викиизвор ја определува познатоста на името преку гледање како веродостојните извори на македонски јазик ја нарекуваат темата.
Во продолжение дадените конвенции за именување претставуваат водилки за создавањето и именувањето на страници. Ова се конвенции, а не стриктни закони изгравирани во камен. Како што Викиизвор расте и се менува, некои конвенции кои порано имале смисла, сега се несоодветни. Секогаш кога ќе се сомневате, следете ја конвенцијата.
Општи конвенции
уредиОстанатите зборови со мала буква
уредиНе ги ставајте вторите и последователните зборови во еден наслов со голема буква, освен ако станува збор за лична именка. На пример, правилно е ако станува збор за име и презиме на лице, како Џон Вејн. Правилно е Видео игра, а не Видео Игри или пак, правилно е Рубикова коцка, а неправилно е Рубикова Коцка.
При определувањето на зборовите кои се пишуваат со голема буква или мала буква, следете го правописот на македонскиот јазик, од кој поважните правила се:
- Членот или честицата во туѓите имиња се пишува со мала буква: Лудвиг ван Бетовен, Леонардо да Винчи, Фердинанд де Сосир. Кога членот или честицата доаѓаат во почетокот, то ест кога стојат само со презимето, се пишуваат со голема буква: Да Винчи, Де Сосир.
Специфични конвенции
уредиИменување на филмски статии
уредиВоведниот дел на статијата
уредиВоведната секција или воведот на една статија претставува најпочетниот текст, сѐ до првото подглавие. Воведот служи како запознавање со статијата подолу и како краток, независен заклучок на најважните аспекти на темата на статијата.
Воведот треба да стои независен како концизен преглед на статијата, треба да создаде контекст, да ги сумира најважните поенти, да објасни зошто темата е важна или значајна и кратко да ги објасни нејзините поважни контроверзности, ако постојат такви. Тежиштето дадено на материјалот во воведниот дел на груб начин да ја рефлектира својата важност кон темата преку веродостојни, публикувани извори. Иако треба да се земе во предвид дека воведниот дел би требало да го заинтересира читателот за повеќе од статијата, тој не смее да го „задева“ читателот преку навестување, но не и објаснување на важни факти кои ќе се појават понатаму во статијата. Воведот треба да содржи до четири параграфа, треба да е внимателно покриен со извори онаму каде што има потреба од тоа и да биде напишан во чист, достапен стил кој подготвува за читањето на целата статија.
Содржината на статијата, ако е прикажана, се појавува по воведната секција и пред првото подглавие.
Форматирање на воведот
уредиЗадебелен почеток
уредиСтатиите обично почнуваат со името на статијата напишано со задебелени букви, а потоа следува кратка дефиниција за поимот за кој се говори, како што е и вообичаено и во останатите печатени или електронски енциклопедии. На пример, статијата за Алберт Ајнштајн започнува вака:
- Алберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил теоретски физичар кој нашироко се смета за најголемиот научник на 20-от век...
Друга Викиизвор конвенција е да се закосат имињата ако се однесуваат на наслов на книга, филм, албум или компјутерска/видео игра. Ако првото споменување за темата на статијата е наслов на книга или филм, се користи задебелен и закосен текст. На пример, статијата за 2001: Вселенска Одисеја (филм) започнува вака:
- 2001: Вселенска Одисеја (англиски: 2001: A Space Odyssey) е научно-фантастичен филм од 1968 година режиран од Стенли Кјубрик, кој заедно со Артур Ч. Кларк е и автор на сценариото.
Најчесто се препорачува имињата на трудови (на пример, научна статија), подглавија (на пр. во книга), песни или телевизиски епизоди да бидат споменати во „наводници“ наместо да видат закосени. Притоа, внимавајте да ги корисите македонските наводници („“), кои се разликуваат од англиските (""). Ако првото споменување за темата на статијата е наслов на едно од горенаведените работи, се користи „задебелен текст во наводници“. На пример:
- „Кој кого набљудува?“ е името на последната епизода од првата сезона на американската телевизиска серија Вовед во анатомија.
Секции и содржина
уредиИако воведниот дел се смета за секција, нема подглавие на секција, подглавието „Вовед“ или „Почетен дел“ или било што во тој контекст не треба да се додава на почетокот на статијата. Кога е прикажана, опционалната табела со содржината се појавува меѓу воведната секција и меѓу подглавието на првата секција од статијата.
Содржина на воведот
уредиОснован контекст
уредиПрвиот параграф треба точно да ја определи темата на читателот. Треба да го формира контекстот за тоа во која област се смета статијата, преку придодавање на неколку околности и факти. На пример:
- Аберација (астрологија): „Во астрологијата, aберација претставува привидна промена на набљудуваното небесно тело поради движењето на земјината топка....“ или,
- Аберација (биологија): „Во биологијата, аберација претставува отстапување од нормите што се типични за некој вид....“
Ако има потреба дадете го локацискиот и временскиот контекст. Исто така, создадете граници на контексот на статијата, на пример статија од типот „Листа на проблеми на животната средина“ има контекст кој се однесува само врз ефектите од човековата активност. Треба да се претпостави дека читателите на статијата не се запознаени со тоа што би бил контексто, а оние на кои тоа им е веќе познато да можат само лесно да го прелистат мaтеријалот со кој се запознаени.
Кога статијата има наслов од типот на „Листа на...“, повторувањето на насловот во првиот ред општо треба да се избенува во полза на овозможување на читателите со корисни информации за контекстот на листата.
Најдобро е да се користат што е помалку врски пред болдираниот наслов, за да се оневозможи оптеретување на читателот. Првиот параграф треба да започне со декларативна и директна реченица. Идеално, првата реченица треба веднаш да му овозможи на читателот кој знае се за темата на статијата одговор на прашањата 'Што е тоа?', 'Кој е тој/таа?' и 'Зошто е ова значајно?'.
Овозможете пристапен преглед
уредиВоведната секција треба кратко да ги сумира најважните точки од статијата на таков начин што овозможува таа да стои како независна концизна верзија на статијата. Овде е многу поважно да биде текстот попристапен во споредба со другиот дел од статијата. Треба да се има во предвид создавање на интерес за читање на целата статија.
Општо, специјализираната терминологија треба да биде одбегнувана во воведот. Онаму каде што несекојдневни термини се есенцијални за објаснување на темата, треба да бидат поставени во контекст, кратко дефинирани и со викиврски. Темата треба да биде поставена во контекст кој повеќето читатели би го нашле како познат. На пример, наместо да ја давате географската широчина и должина на некое градче, подобро е да истакнете дека тоа е предградие на тој и тој поголем град, или можеби дека дава услуги за фармите на таа и таа област. Читателите не треба да бидат фрлени во средината на темата со првиот збор; треба лесно да се наведат кон неа.