Вечера за жетвари

„Вечера за жетвари“

од Македонско народно творештво
Македонска народна песна од село Папардишта, Велешко. Се пее за вечера на жетварите.


Разиграло се јаболко,
стреде цареви дворови,
цар го јаболко пречека,
цар на јаболко говорит:
- Јаб’лко, бело, црвено,
што те аргати пратие?
- Еј, царе, царе, султане,
мене аргати пратиле,
вечера да им уготвиш,
сугаре јагне печено,
бела пребела погача,
тиквешко вино црвено.[1]


Наводи

уреди