Македонски народни песни/ Великина
(Пренасочено од Великина)
- Ја на мајка ти, Велико, ја на мајка ти,
- Ја на мајка ти, Велико, торба круши,
- Велико, торба круши.
- Нека јаде, Велико, нека јаде,
- Нека јаде, Велико, да не лафе,
- Велико, да не лафе.
- Са ноќ седе Доне, круши јаде,
- Круши јаде, Доне, мен ма чува,
- Доне, мен ма чува.
- Ја на татко ти, Велико, ја на татко ти,
- Ја на татко ти, Велико, ока тутун,
- Велико, ока тутун.
- Нека тегли, Велико, нека тегли,
- Нека тегли, Велико, да не врева,
- Велико, да не врева.
- Са ноќ седе Доне, тутун тегле,
- тутун тегле, Доне, мен ма чува,
- Доне, мен ма чува.
- Ја на баба ти, Велико, ја на баба ти,
- Ја на баба ти, Велико, ока в’лна,
- Велико, ока в’лна.
- Нека преде, Велико, нека преде,
- Нека преде, Велико, да не врева,
- Велико, да не врева.
- Са ноќ седе Доне, в’лна преде,
- Круши јаде, Доне, мен ма чува,
- Доне, мен ма чува.
- Ја на баба ти, Велико, ја на баба ти,
- Ја на баба ти, Велико, ока в’лна,
- Велико, ока в’лна.
- Нека преде, Велико, нека преде,
- Нека преде, Велико, да не врева,
- Велико, да не врева.
- Са ноќ седе Доне, в’лна преде,
- в’лна преде, Доне, мен ма чува,
- Доне, мен ма чува.
- Ја на братчето, Велико, ја на братчето,
- Ја на братчето, Велико, сиво којнче,
- Велико, сиво којнче.
- Нека вјава, Велико, нека вјава,
- Нека вјава, Велико, да не врева,
- Велико, да не врева.
- Са ноќ седе Доне, пушка чиста,
- пушка чиста, Доне, мен ма чува,
- Доне, мен ма чува.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |
Поврзано
уредиНадворешна врска
уредиОваа песна е собрана од селото Куфалово, од околината на Солун.