Викиизвор:Критериуми за бришење
Правилата на Викиизвор за бришење опишуваат како страници можат да се избришат и отстранат од Викиизвор. Бришењето ја брише статијата и нејзините поранешни измени, односно историјата на самата статија. За разлика од бришењето на содржината кое може да биде направено од сите корисници, бришењето на статијата може да се изведе од страна на администратори. Администраторите моѓе да ја видат избришаната статија и да ја вратат назад во употреба.
Причини за бришење
уредиПричини за бришење ги вклучуваат следните работи:
- Прекршување на авторски права и други материјали што ги прекршуваат правилата на Викиизвор за фер употреба.
- Вандализам, вклучувајќи беспотребни пренасочувања, статии без смисла и содржина.
- Рекламирање и друг вид на спамирање без релевантна содржина.
- Статии кои неможат да бидат подржани со соодветни цврсти докази, вклучувајќи неологизми, статии без оригинално истражување.
- Статии за кои безуспешно се барало цврти и веродтојни докази.
- Статии кои не ги исполнуваат критериумите за важност на темата.
- Статии што не ги исполнуваат критериумите и начелата за статии за живи личности.
- Бескорисни шаблони.
- Категории што се преклопуваат со останати категории.
- Слики ште не се користени или ги прекршуваат правилата за фер употреба.
- Секој друг вид на слика, шаблон, проект или корисник кои се спротивни на правилата и принципите на Викиизвор.
- Секој друг вид на содржина што не е соодветна за енциклопедија.
Алтернативи за бришење
уредиУредување
уредиАко статијата може да биде подобрена, тоа може да биде решено преку стандардното уредување. Различни видови на шаблони можат да се додадат на статијата за да го разрешат проблемот. Некои од најчестите можности се:
- Чистење на статијата од лоши напишан текст,
- Стручна помош за одредена статија,
- Превод на статии што не се напишани на македонски јазик,
- Кратки статии,
- Веродостојност на статии,
- Спојување на кратки статии во некои поголеми статии.
Страници со несоодветно име можат едноставно да се преименуваат со ново, посоодветно име. Разликите за името се разрешаваат на страната за разговор на соодветната статија. Вандализирање на статија може да биде избришано од секој корисник.
Спојување
уредиСтатиите што се кратки и немаат можност за проширување, се спојуваат со други сродни статии. На пример, биографии на членови од семејство на некоја позната личност, во случај да се многу мали, се спојуваат со статијата на популарната личност.
Ако две статии се удвојуваат, една треба да биде споена со другата и ова не побарува соодветен разговор.
Разговор
уредиСпорови за страници и нивната содржина не се разрешуваат со нивно бришење. Несогласувања околу правилата и прописите не се разрешуваат со бришење. Тоа се разрешува со разговор на соодветната страница за разговор.
Разговорт за спорната содржина се одвива на страната за разговор и тука се договорува конечниот изглед на статијата. Нерешливи спорови може да побараат администраторска помош.
Други проекти
уредиНекои статии не припаѓаат на Викиизвор, но се соодветни за некои од сестринските пректи на Викиизвор. Таквите статии можат да бидат копирани и пренесени кон соодветните сестрински пректи и по префрлувањето статијата се брише. Во случај да статијата биде повторно создадена, тогаш се пренасочува кон соодветната статија од сестринскиот проект.
Архивирање
уредиБришење на статии не се користи за архивирани статии.
Достапност до избришани статии
уредиИзбришаните статии не се достапни за јавен преглед. Како и да е, тие остануваат во базата (барем привремено), и се достапни за администраторите. Секој корисник што има потреба од копија од избришаната статија може да побара и да му се даде од страна на администратор. Овие побарувања најчесто се одбивани ако содржината ги прекршува правилата на Викиизвор, најчесто авторското право.