Викиизвор:Блокирање
Блокирање е метод со кој администраторите можат технички да ги спречат корисниците од уредување на Викиизвор. Блоковите се користени за превенција од штета или нарушување на Викиизвор. Блоковите понекогаш се користени како средства за спречување на нечие однесување кое е штетно.
Секој корисник може да побара блокирање на огласната табла за администратори. Корисниците кои побарале блокирање мора да поднесат цврсти докази со кои се потврдува блокирањето. Администраторите не се должни да дадат блок веднаш и може да ја истражат ситуацијата. Бидејќи блоковите можат да бидат прегледани и да им се поднесе жалба, често е важно администраторите да ги прегледаат ситуациите подетално пред да преземат соодветни мерки.
Жалба на блокирање е инструкција за отстранување на блок. Освен во случај на видна грешка, администратприте не смеат да вратат блок од друг администратор без соодветен разговор.
Причина и цел
уредиСите блокови постојат за да го заштитат проектот од штета и да ги намалат идните проблеми. Кога помалите мерки не се ефективни соодветна употреба на блок се користи за следните четири основни принципи:
- Спречување штета на Викиизвор.
- Спречување на лошо однесување со отежнувањето на уредување.
- Охрабрување на сфаќањето дека сегашното однесување не може да продолжи и нема да се толерира.
- Охрабрување на попродуктивен стил на уредување со нормите на заедницата.
Блоковите се наменети да ги намалат идните проблеми, со или отстранување или охрабрување на промени. Тие не се наменети како средства за казна или за нерационална употреба. |
---|
Чести причини за блокирање
уредиСледните се едни од најчестите причини за блокирање.
Кога во случај има двоумење за блокирање, најдобро е да се побара и совет од друг администратор.
Администраторите мора да бидат особено внимателни кога се справуваат со новодојденци, Почетничките корисници се чесно не запознати со правилата на Викиизвор и со нивното почетничко однесување можат да остават впечаток на вандализирано уредување што може да се покаже подоцна спротивното.
Заштита
уредиКорисник може да биде блокиран кога има потреба да се заштитат правата, сопственоста и безбедноста на Викимедија Фондацијата. Блокирањето може да биде како резултат на:
- постојано создавање на лични напади;
- создавање лични, професионални или легални закани;
- изведување на дејства што ги става останатите корисници во опасност;
- откривање на лични информации (спротивно на волјата на дотичниот корисник);
- постојано нарушување на правата на сопственост;
- постојано објавување на материјали спротивни на правилото за објавување на биографиии на живи личности ;
- сметки за кои се докажало дека се загрозени.
Нарушување
уредиКорисник може да биде блокиран кога неговото уредување го нарушува проектот. Таков блок се доделува ако корисникот:
- вандализира;
- не покажува цивилно однесување;
- малтретира;
- спамира;
- создава уредувачко војување или враќање на статии;
- користи марионети;
- ако ги пореметува и наручува правилата на Викиизвор.
Понатак, останати кориснички сметки можат да бидат блокирани во случај на:
- јавни кориснички сметки (кога лозинката е објавена јавно);
- кориснички сметки со несоодветни имиња на сметките;
- Оперирање со бот без соодветна дозвола;
- Сметки што служат за промовирање на личност, компанија, продукт, услуга или организација.
Зајакнување банови
уредиБановите се формално стопирање на одреден корисник да уредува за одредена тема или статија на Викиизвор. Банот може да биде привремен или постојан.
Покрај ова формално социјално казнување, се користи и техничката мерка- блокот- за да се зајакне банот.
Кога блокот да не се користи
уредиКонфликт на интереси
уредиАдминистраторот не смее да блокира корисник со кого е вмешан во разрешување на пробле, туку треба да го пријават проблемот на друг администратор. Исто така, администраторите треба да се свесни за конфликтот на интереси за одредената тема во која се вмешани.
Блокови за смирување
уредиБлоковите наменести за оладување на страстите или смирување на треба да се користат зошто често го даваат спротивниот ефект. Како и да е, лут корисник кој во меѓу време е и вмешан во нарушувачки уредувања може да биде блокиран за да се спречи понатамошно нарушување.
Одблокирање
уредиОдблокирање или намалување на блокот е честа појава кога администраторот одлучува дека блокот треба да се разгледа повторно, кога се промениле околностите или кога имало грешка при блокирање.
Кога корисник побарува да биде одблокиран, администратор што не бил вмешан во процесот може да го разгледа барањето, уредувањата и другите релевантни докази за да се одговори соодветно на барањето за блокот.