В' недела дојде лудо младо
- В' недела дојде лудо младо
- у нас на гости. [x2]
- Седе два дни, седе три дни
- седеше недела.
- Па си тргна да си оди
- туѓа туѓина.
- Лудо младо не оди в' туѓина
- лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.
- Не ме кани лудо младо
- при тебе да дојдам, [x2]
- јас си имам лоша мајка
- и стари татко. [x2]
- Лудо младо не оди в' туѓина
- лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.
- Јас не можам да те земам
- тебе со мене, [x2]
- јас си имам друго либе
- и машко дете. [x2]
- Лудо младо не оди в' туѓина
- лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.