Македонски народни песни/ Брала мома капини
(Пренасочено од Брала мома капини)
- Брала мома капини,
- Во попови Градини,
- Брала мома капини,
- Во попови градини,
- Оф аман, аман, аман.
- Оздол иде падарот,
- И на моме говори,
- Постој моме,почекај,
- Да ти кажам два збора,
- Оф аман, аман, аман.
- Не и кажа два збора,
- Тук ја фана за рака,
- Не и кажа два збора,
- Тук ја фана за рака,
- Оф аман, аман, аман.
- А бре чичко падаре,
- Јас сум попова внука,
- Ак' си попова внука,
- А што бараш ти тука,
- Оф аман, аман, аман.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |