Борјано, Борјанке, сал ти ли си мома

„ Борјано, Борјанке, сал ти ли си мома “

од Македонско народно творештво
од с.Прдеица,Гевгелиско, пеела Султана Попова (1947 година), Соборски народни песни, Македонски народни песни,

Борјано, Борјанке, сал ти ли си мома,
сал ти ли си мома мори,сал ти ли знаеш да пееш?

твојот глас се слуша, дур' до нашта нива,
дур' до наш'та нива мори,меѓу двата рида.

Српот си остави,тебе да те слушам,
какви песни пееш,какви редби редиш.

На арните момци,полошите моми,
на лошите моми,арните момчиња.
На мен' се годило едно старо аро.Соборски народни песни“,Васил Хаџиманов стр.53 Скопје август 19464год Издавач:Книгоиздателство „Кочо Рацин“-Скопје тираж 3000 примероци.


Надворешни врски

уреди