Болен ми лежи млад Стојан

Болен ми, болен ми лежи
млад Стојан, леле
на висок, на високите чардаци,
на високите чардаци.
Мајка му, мајка му вели,
говори, леле:
стани ми, стани ми сине Стојане
стани ми сине Стојане.
Не можам, не можам мајко
да станам, леле
тешка ми, тешка ми куќа на глава,
тешка ми куќа над глава.
Тешка ми, тешка ми куќа
над глава, леле,
машко ми, машко ми дете на раце,
машко ми дете на раце.


- (друга верзија) -

Болен ми [х2]
ај болен ми лежи млад Стојан леле
на висок, ај на високите чардаци.
До него седи мајка му леле
на Стојан, ај на Стојан вели говори.
Стани ми [х2]
ај стани ми сине Стојане леле
да видиш, ај да видиш оро големо.
До сека [х2]
ај до сека мома и момче леле
до твојто, ај до твојто либе две момчиња.
Не можам [х2]
ај не можам мајко да станам леле
тешка ме ај тешка ме болест фатила.
Жално е [х2]
жално е мајко, тешко е леле
да љубиш, ај да љубиш друг да го земе.

Поврзано

уреди