Велат: „Има Господ, сепак,
Пречек во рајот тој ни спрема,
Кај што душата ја крепат,
Кај што мака вечна нема“.
Ох, колку ли е измамен,
Во маглишта верувајќи!
Ох, колку е тој заблуден,
Со збор, прелажен мавтајќи!
Има Господ, сите знаат,
Но, на небо не е скриен!...
Џенемот и Бог со рајот
На земјава си се тие!
Тој што гнете што го краде
На народот трудот, сјајот, -
Нему Бог ќе му се најде,
Тој е слободен во рајот.
А пак тој што правда гласи,
Што се талка гол и скуден,
Секој од него се гнаси,
Нему пекол му е суден.