Бог да го убие Шефки Качакот
- Бог да го убие џанам тој Шефки Качакот,
- тој Шефки Качакот тоа бесно куче.
- Што ми посегнал џанам битолските села,
- битолските села, село Могилово.
- Ој ти бре Шефки море ти бре бесно куче
- на небо те барав, на земја те најдов.
- Дури те најдов Шефки нозете ме болат,
- нозете ме болат од тешки куршуми.
- Доста си носел Шефки таа бердан пушка,
- сега рече Господ јас да ја носам,
- доста си носел Шефки таа остра сабја,
- сега рече Господ јас да ја носам.
- Доста си јавал Шефки таја брза коња,
- сега рече Господ јас да ја јавам.