Бог да ги бие Арапите
- Бог да ги бие [х2]
- Бог да ги бие Арапите
- Арапите од Арабистан.
- Што ми ојдоја, што навлегоја
- што ми ојдоја во град Битола
- во град Битола во ливаѓето.
- Ги курдисале, ги курдисале
- ги курдисале шаторите
- ги закачиле бајраците.
- И што му рекоја на Битолчанки
- отворете ја чаршијата
- чаршијата и дуќаните.
- А Битолчанки што му рекоа
- ај да сјојте од кај дојдовте
- чаршијата е затворена.
- Чаршијата е затворена [х2]
- чаршијата не ја отвараме. [х2]