Бог да бие мојта мајка маќеа
- Бог да бие мојта мајка маќеа.
- Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
- на мојта мајка маќеа.
- Што ме даде пусто село ерменско.
- Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
- пусто село ерменско.
- Во сабота навечер ме зедова.
- Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
- навечер ме зедова.
- В понеделник на жетва ме пратива.
- Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
- на жетва ме пратива.
- Ми дадова празна торба без лебец.
- Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
- празна торба без лебец.