Бог да бие кој прв почна

Бог да бие кој прв почна,
кој прв почна, мило либе, да ми оди.
Да ми оди на печалба,
на печалба, мило либе, в' Америка.
Три години без работа,
без работа, мило либе, ем без пари.
Параходот веќе пристигна,
пари немам, мило либе, да се качам.
Ако сакаш да си дојдам,
продај си го, мило либе, ѓерданчето.
Ако не стаса ѓерданчето,
продај си го, мило либе, елечето,
праќај пари, мило либе, да си дојдам.

Поврзано

уреди