Бог да биет дебрани

Бог да биет дебрани,
бог да убиет дебрани.
Дебрани долно граѓани,
дебрани долно граѓани.
Што настанаје аздии,
што настанаје аздии,
по таја река Радика,
по тије села рисјански.
Грабиле што ми грабиле,
грабиле што ми грабиле
и едно невевче земале,
и едно невевче земале.
Оделе што го воделе,
оделе што го воделе,
младо невевче по страна,
младо невевче по страна.
Невевче лично, калешо,
да не ти тежит рувото,
или ти тежит ѓерданот,
или ти тежит ѓерданот?
Нити ми тежит рувото,
нити ми тежит рувото,
нити ми тежит ѓерданот,
нити ми тежит ѓерданот.
Тук' ми е жал за лудото,
тук' ми е жал за лудото,
кога го вие колевте,
кога го вие колевте.
Кога го вие колевте,
кога го вие колевте,
право во мене гледаше,
крвави солзи ронеше

Поврзано

уреди