Блазе тебе Митро
- Блазе тебе мори Митро
- што татко си имаш,
- ајде, што татко си имаш.
- Што ти е направил Митро,
- сред село меана,
- ајде, сред село меана.
- Точи, точи мори Митро
- вино, ем ракија,
- ајде, вино ем ракија.
- Кога ќе се вратам Митро,
- скапо ќе ти платам,
- ајде, скапо ќе ти платам.
- Сè жолти жолтици Митро,
- на гуша да носиш,
- ајде, на гуша да носиш.