Билјане моме убаво
- Билјане моме убаво,
- на сон те браќа водиле.
- На сон те браќа водиле
- во таја града Костура.
- Билјане моме убаво,
- качи се горе на чардак.
- Качи се горе на чардак,
- разгледај долу на поле.
- Ах мори мајко, мајчице,
- оздола идат ветрови.
- Оздола идат ветрови,
- ветрови, бури, ратови.
- Билјане моме убаво,
- не ми се бури, ветрови.
- Не ми се бури, ветрови,
- тук' ми се силни сватови.
- Ах мори мајко, мајчице,
- жива ќе лежам во гроба.
- Жива ќе лежам во гроба,
- Костурско момче не земам.