- Ајде да си речиме една песна,
- многу гласовита.
- Еднаш мајка јунак раѓа,
- оној ми е билбил,
- билбил рано пее,
- пее во мај месец.
- Ајде да си речиме уште еднаш,
- да се сторат два пати,
- две очи мома има...
- Ајде да си речиме уште една,
- да се сторат три пати,
- три на крст пирустија...
- Ајде да си речиме уште една,
- да се сторат четири пати,
- четири моми на орото...
- Ајде да си речиме уште една,
- да се сторат пет пати,
- пет прсти рака има...
- Ајде да си речиме уште една,
- да се сторат шест пати,
- шест месеци пол-година...
- Ајде да си речиме уште една,
- да се сторат седум пати,
- седум дена во недела...