Македонски народни песни/ Билбил пее во планина
(Пренасочено од Билбил пее во планина)
Билбил пее во планина е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Билбил пее во планина
- Билбил пее во планина
- моме седи во градина
- Билбил моме наговара
- ајде моме да пееме.
- Ако мене ти натпееш
- ќе ти дадам планината
- ќе ти дадам планината
- со се гранки, сосе буки.
- Ако тебе јас натпеам
- ќе ти земам градината [2х]
- сосе цвеќе, сосе тебе.
- Билбил моме натпеало
- му ја зеде градината.
- Му ја зеде градината
- сосе цвеќе, сосе моме.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |